Поставен камен-темелник на компанијата Итек во Тетово

Камен-темелник на производствен погон на италијанската компанија „Итек“ денеска ќе биде поставен во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.

На поставувањето на камен-темелникот ќе присуствува и премиерот Никола Груевски и министерот за економија Беким Незири.

Компанијата „ИТЕК“ во Македонија ќе инвестира пет милиони евра, а во првите две години се очекува да донесе 150 нови вработувања. Договорот за реализација на инвестицијата беше потпишан во јануари годинава.

Компанијата се занимава со производство на композитни материјали што се користат во градежништвото, автомобилската индустрија и земјоделството.

Реализацијата на оваа инвестиција ќе се оствари преку локална компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES“.