Поставен тринаесет ипол метарски крст во Волково

Тринаесет и пол метарски крст денеска беше поставен во село Волково, општина Ѓорче Петров во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Крстот е донација од Оливер Гаџоски од с. Волково кој двапати на Водици го фаќал крстот во реката Лепенец и на сон му се сонило дека на тоа место треба да биде поставен крст.

Градоналникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски денеска присуствуваше на овој чин на поставување на крстот и истакна дека е ова значаен чин за жителите на оваа населба бидејќи ова е духовно собиралиште за граѓаните за големиот христијански празник Богојавление, Водици каде што се спушта крстот во водите на реката Лепенец.

sok

-За време на Водици ние од општинта Ѓорче Петров крстот го спуштаме на две места. Ова е едното место кое денеска го означуваме благодарение на граѓаните од општината и второто место е кај на мостот кај населбата Хром каде што се собираат голем дел граѓани од урабниот дел на општината, истакна Митровски.

Градоначалникот посочи дека означувањето на ова место со овој крст е само почеток и дека општина Ѓорче Петров заедно со граѓаните ќе направи ова место целосно да биде уредено, а и речното корито на реката Лепенец ќе биде адаптирано и оспособено за да биде безбедно на самиот чин на Богојавление.

Донаторот Гаџоски изрази задоволство, што ова место каде ќе биде означено со крстот што тој го донирал и посочи дека донацијата на крстот изнесува 5000 евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.