Македонија

Поставена спомен-плоча во чест на загинатите француски војници во Првата светска војна

Поставена спомен-плоча во чест на загинатите француски војници во Првата светска војна

Во паркот на Франкофонијата во Градскиот Парк вчера беше поставена спомен-плочата во чест на загинатите француски војници во Македонија во Првата светска војна.

На откривањето на спомен-плочата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, амбасадорот на Франција во Македонија, Лоренс Оер, Државниот секретар за поранешни борци и историски настани при француското Министерство за Одбрана, Жан-Марк Тодешини, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, како и голем број претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

Spomen ploca za zaginati francuski vojnici (1)

Поставувањето на оваа спомен-плочата е дел од активностите на Француската амбасада во Република Македонија, за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Spomen ploca za zaginati francuski vojnici (3)

– Оваа спомен-плоча ќе биде потсетување за жителите на Скопје и Македонија за храброста и пожртвуваноста на француските војници кои ги дадоа своите животи во Првата светска војна, како и во битката во Скопје која се одвивала на 29 и на 30 септември 1918 година, кажа градоначалникот Трајановски.

За време на Првата светска војна на територијата на Македонија се одвивале големи воени битки и судири, каде што учество земаат речиси  милион војници, припадници на десетина различни армии. Од нив, околу 350 000 француски војници од Источната француска армија, од кои 70.000 загинале.