Поставени информативни табли за промоција на Аеродром

Општина Аеродром постави пет информативни табли, со цел граѓаните и посетителите на општината подобро да се информираат и ориентираат.

Информативните табли се поставени на петте најфреквентни локации во општината: на влезот на општината (кај Железничката станица), пред зградата на Општина Аеродром, во паркот „Аеродром“, пред спортскиот центар „Јане Сандански“ и кај трговскиот центар во населбата Лисиче.

Информативната табла има мапа на општината на која се обележани сите булевари, главни улици, споредни улици, патеки, стопански објекти, паркови, населени области, индустриски објекти, спортски објекти, училишта, градинки, болници, амбуланти, пошти и други јавни објекти.

Informativni tabli (7)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.