Поставени подземни контејнери во Ново Лисиче

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и директорот на ЈП “Комунална хигиена”, Ракип Дочи денеска присуствуваа на промоцијата на системот на подземни контејнери во Општина Аеродром, на улица “Февруарски поход”.

– Градот Скопје продолжува со реализацијата на проектот системот на подземни контејнери, каде денеска ги промовирани првите контејнери на територијата на Општина Аеродром. Овде се поставуваат три (3) подземни контејнери со зафатнина на секој контејнер од три метри кубни (3 м3), од кои два (2) се за мешовит отпад за домаќинствата и еден (1) контејнер е за П.В.Ц амбалажа. Ова е една од трите локации кадешто се поставуваат подземни контејнери на територијата на Општина Аеродром. Вкупната инвестицијата на овој проект изнесува 6.600.000 денари и во неа подеднакво, со по 2.200.000 денари учествуваат Градот Скопје, ЈП “Комунална хигиена” и Општина Аеродром, кажа градоначалникот Трајановски.

Podzemni kontejneri Aerodrom (1)

Градоначалникот Коневски го поздрави овој проект и најави дека ќе продолжи спроведувањето на овој проект на територијата на Општина Аеродром, каде до крајот на годината, во соработка со ЈП “Комунална хигиена” и Градот Скопје ќе работат на утврдување на нови локации за поставување на подземни контејнери.

Podzemni kontejneri Aerodrom (2)

Директорот на ЈП “Комунална хигиена” Дочи изјави дека со поставувањето на овие подземни контејнери значително се подобрува животната средина и нивото на хигиената во Скопје, притоа апелирајќи до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат истите.

Podzemni kontejneri Aerodrom (3)

Градот Скопје, ЈП “Комунална хигиена” и Општините во градот Скопје заедно го реализираат проектот за поставување на Системи со подземни контејнери. Десега се поставени 14 системи со вкупно 42 контејнера со зафатнина од 3 м3 во Општина Центар, 2 система со 4 контејнери во Општина Чаир, како и еден систем на територијата на Општина Кисела Вода.

Podzemni kontejneri Aerodrom (4)