Постигнат договор меѓу Манчестер Јунајтед и Блинд

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед продолжува да се засилува во самиот финиш на преодниот рок. Менаџерот Луј ван Гал најави дека на неговиот нов тим му се потребни уште неколку засилувања, а откако го доведе Ди Марија, на ред дојде Дејли Блинд, поливалентниот дефанзивец на Ајакс и холандски репрезентативец.

Ван Гал, кој му беше селектор се до ова лето, многу добро ги знае неговите квалитети, па одлучи да го доведе на „Олд трафорд“. Холандскиот „Де Телеграф“ тврди дека договорот е постигнат и дека Манчестер јунајтед ќе плати 14 милиони фунти отштета за одбранбениот фудбалер на Ајакс. Набрзо треба да стигне потврдата и од двата клуба за овој трансфер, а Блинд треба да ги мине медицинските прегледи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.