Спорт

Постигнат нов национален сениорски рекорд во Машка штафета

Постигнат нов национален сениорски рекорд во Машка штафета

На завршеното Европско атлетско екипно првенство 3 лига кое се одржа викендов,  21-22 Јуни 2014 година во Тбилиси , Грузија, на кое учествуваа 15 репрезентации, Македонија се пласираше на 13-то место, нашите атлетичари успеа да освојат 162.5 поени.

Машката штафета 4х400 метри во состав Кристиан Ефремов, Бујар Беќири, Александар Стојановски, Славе Коевски, со резултат 3:20.89 постигна Национален сениорски рекорд кој беше стар 20 години, атлетичарката Дрита Ислами на 400м пречки постигна Младински рекорд со резултат 1.05.14.

За многу малку не се собориjа државните рекорди на 200м мажи, 4х100м жени и мажи и 4х400м жени, лични резултати постигнаа повеќе атлетичари, соопштија од Атлетската Федерација на Македонија.