Постигнат прекин на огнот во Јемен

Јеменскиот претседател Абед Рабо Мансур постигна денеска договор со шиитската бутновничка група Хути за прекин на огнот, по повеќечасовните тешки судири кај претседателската палата во Сана, соопшти министерката за информации Надиа Сакаф.

Претставници на бунтовничката група Хути наведуваат дека е постигнато примирје и оти тоа се почитува.

Министерката рече дека претседателот ќе одржи состанок со своите политички советници и со претставници на Хутите во текот на денот.

Јеменската војска и борците на групата Хути се судрија порано денеска во близина на претседателската палата во Сана, што беше најостра ескалација на тензиите откако шиитската бунтовничка група ја презеде контролата врз градот во септември минатата година.