Постигнато примирје во близина на аеродромот во Доњецк

Договор за прекин на огнот во близина на аеродромот во Доњецк е постигнат денеска, соопшти лидерот на сепаратистите Андреј Пургин.

– Денеска е постигнат договор за ставање крај на борбите, почнувајќи од 18 часот по московско време, на аеродромот во Доњецк, изјави тој пред новинари.

Ако одиме со ова темпо, можно е до 9 и 10 декември да почнеме со повлекување не тешкото вооружување. Да изработиме алгоритам и контролен механизам за продолжување на преговорите во Минск, изјави Пургин, пренесува ТАСС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.