Постои можност следната година Британија да испрати авиони во Авганистан

Весникот Сандеј тајмс објави дека Лондон добил две молби за доставување воени авиони од авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Според извори од Министерството за одбрана, се планира во Авганистан да бидат испратени авиони Торнадо или Тајфун како и 70 војници.

Засега нема одлука Велика Британија да му достави на Авганистан техника и војници, наведе извор од Кабинетот на британскиот премиер веднаш по посетата на Кабул во октомври.