Постои опасност од терористички напад во Грција

напад

Во нападот, еден од полицајците бил полесно ранет.

Се забележува дека инцидентот се случи неколку денови пред планираната, за 15 ноември, посета на американскиот претседател во заминување Барак Обама во Грција.

Извор од полицијата, цитиран од весникот „Прото тема“ предупредува, дека следните денови во кои треба да се случи посетата на Обама и годишнината од Атинската Политехника можат да бидат искористени како повод од страна на вооружените групи, со цел да ги засилат активностите.

Грчките антитерористи сметаат дека вчерашниот напад врз француската амбасада била добро организирана операција од искусни терористи и дека зад него веројатно стои терорстичката организација „Група на народни борци“.

До сега, никој не презеде одговорност, но полицијата очекува некој тоа набрзо да го стори.