Магазин

Постои паралелен универзум во кој времето тече наназад

Постои паралелен универзум во кој времето тече наназад

Научниците изнесоа нова теорија поради која веруваат дека Големата експлозија (Биг бенг) пред 14 милијарди години создал два универзуми: едниот е огледален одраз на другиот.

Една од најголемите научни загатки е како и зошто времето тече нанапред. Во обид конечно да се реши оваа мистерија научниците дојдоа до нови теории.

Тие веруваат дека Големата експлозија пред 14 милијарди години создала два паралелни универзуми што се огледуваат како во огледало.

Тоа значи дека ако времето во нашиот универзум се движи нанапред, во другиот можеби се двиѓи наназад, тврдат научниците кои го спровеле истражувањето.

-Концептот за времето и понатаму останува мистерија. Во суштина, сите познати закони на физиката се исти без разлика на протокот на времето, а живееме во свет во кој се се движи во една насока. Универзумот се шири, ние старееме…Се изгледа како да расте, иако тоа е само од наша перспектива, изјавил еден од истражувачите др. Џулијан Барбур.

Научниците анализирале компјутерска симулација од 1000 честички под влијание на Њутновиот закон за гравитација, со фокус врз динамичното однесување и оддалеченоста помеѓу честиците.

Доктор Барбур се обидува овој модел да го објасни сликовито споредувајќи го со рој пчели. Ако го погледнеме едноставниот модел во кој тој почетен рој пчели се наоќа во средина, би можеле да забележиме, дека со текот на времето, овој згуснат рој пчели се разделува и на моделот ќе може да се забележат стрелки во два спротивни правци со почетна точка во средината.

Научниците откриле дека без разлика на големината и количината, секоја конфигурација на честички на крајот прераснува во она што е познато како скала на ниска сложеност.

Тие понатаму се движат кон надвор во две спротивни насоки, создавајќи на тој начин и две, спротивни „стрелки на времето“.

По ова гравитацијата ги повлекува честичките во поголема и посложена временска структура, чијшто модел е еквивалентен на галаксиите во планетарните системи. Оттаму, стандардниот термодинамички проток на времето може да се манифестира и да се одвива и на двете патеки, кои што се разменуваат.

-Со други зборови, моделот има едно минато, но две иднини, објасни др. Барбур.