Постојат индикации дека ИД е способна да произведе хемиско оружје

Директорот на Организацијата за забрана на хемиско оружје, Ахмет Узумцу изјави дека постојат индикации кои упатуваат на тоа дека терористичката организација Исламска држава е способна да произведе хемиско оружје во Сирија и Ирак.

– Постои можност сами да го произведат, што е мошне загрижувачки, изјави Узумцу, пренесува МИА.

Тој нагласи дека тоа би значело дека ИД поседува технологија, способност и пристап до материјали, кои можат да се користат за производство на хемиско оружје.

Директорот на ЦИА Џон Бренан во февруари изјави дека борците од ИД имаат капацитет за производство на помали количини хлор и иперит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.