Посвежо време со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и  посвежо со повремен дожд особено претпладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени,  а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремен дожд со слаб интензитет и со слаб умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температурата ќе се спушти 17, а дневната ќе достигне до 22 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.