„Потами“ иницира интерпелација за претседателката на грчкиот Парламент

„Потами“ иницира интерпелација за претседателката на грчкиот Парламент
„Потами“ иницира интерпелација за претседателката на грчкиот Парламент

Опозициска партија „Потами“ бара интерпелација на претседателката на Собранието Зои Константопулу, кој е испратен до пратеничките групи на другите опозициски партии, со исклучок на Златна зора, јави дописникот на МИА од Атина.

Иницијативата за телевизијата Мега ја откри пратеникот на „Потами“ Јоргос Амирас, тврдејќи дека Владата „не се осмели да го реши проблемот“.

Според Амирас, Константопулу „е првиот претседател на Претставничкиот дом во парламентарните историја што не ги извршува своите граѓански должности, туку политичките и оти ја крши суштината на Уставот“. Амирас истакна дека Константопулу го користи националното собрание, административниот персонал и телевизискиот канал на Парламентот за „лични стратегии, без одобрение на Владата, опозицијата и на грчкото општество“.

Ако Грција не ги спроведе реформите помошта ќе биде стопирана

Ако Грција не ги спроведе реформите помошта ќе биде стопирана
Ако Грција не ги спроведе реформите помошта ќе биде стопирана

Доколку Грција не успее да ги спроведе мерките, за кои постигна спогодба со Европската унија во замена за третата финансиска програма за спас, помошта брзо ќе биде стопирана, изјави денеска лидерот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, пред денешниот состанок во Брисел.

Еврогрупата ќе направи оценка на извршените реформи во Грција во септември или октомври. Доколку не бидат исполнети ветувањата, програмата за помош може брзо да биде прекината, истакна тој.

Дејселблум повторно изрази увереност дека Грција ќе ги исполни своите обврски.

Со 222 гласа „за“, 64 „против“ и 11 „воздржани“, грчкиот парламент го одобри новиот договор постигнат меѓу Владата и кредиторите за третиот пакет финансиска помош за државата. Гласањето се одржа по седумчасовни дебати.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас го оквалификува договорот како „принуден избор“. Истакна дека до тој избор се стигнало откако државата била соочена со дилемата – Или меморандум со еврото или меморандум со драхмата.

Ципрас ќе побара гласање за доверба на Владата на Грција од парламентот по 20 август кога стигнува плаќањето на оврски кон ЕЦБ, јави локалната Скај.