„Поточиња“ на 26 и 27 март во МОБ

„Поточиња“ на 26 и 27 март во МОБ
„Поточиња“ на 26 и 27 март во МОБ
Детскиот фестивал „Поточиња“ 2016 кој оваа година ќе го има своето 13 издание ќе се одржи на 26 и 27 март во Македонската Опера и Балет.

Фестивалот е во организација на „Пап продукција“ која најавува 15 нови детски хитови, видео најави, награди и изненадувања за присутните.

Термините за претставите се 11, 13 и 19 часот во текот на двата дена. Билетите се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон рекордс, 1/2 Југотон и цвеќара Розе 2 по цена од 200 денари.