Потон брод со мигранти, 37 лица се удавија

Потон брод со мигранти, 37 лица се удавија
Потон брод со мигранти, 37 лица се удавија

Најмалку 37 лица се удавија, кога вчера потона брод со мигранти крај либискиот брег, соопшти портпаролот на либискиот Црвен крст.

Вчера наутро добивме информација за седум тела на илегални мигранти од брод потонат крај Хомс, источно од Триполи, но немавме податоци колку луѓе имало на пловилото, изјави портпаролот на Црвениот крст, пренесува БТА.

Рибари подоцна пронашле уште 30 тела во истиот регион во близина на Хомс, на околу 100 километри источно од главниот град. Волонтери од Црвениот крст се обидуваат да ги извадат телата, но немаат доволно чамци, додаде портпаролот.

Во четвртокот, брод натоварен со мигранти, кои се надеваа да го преминат Средоземното Море од Либија до Италија, потона крај либискиот град Зуара, при што загинаа 200 лица.