Потона автомобил во Црна река кај Радобор

Кај Радобор денеска имаше обид за извлекување на автомобил марка „лада самара“, која е под вода, јави телевизија Тера.

Со сајла требаше да се обезбеди потонатиот автомобил, а потоа со трактор да го извлечат, но велат дека не успеале, оти имало премногу вода.

Двајца жители на селото Будаково биле во автомобилот, со кој патувале од Радобор кон Могила. Загубиле контрола над автомобилот, кој се превртел, а потоа надојдената вода го повлекла. Патниците излегле од автомобилот откако се превртел.

Делови од општина Могила повторно се под вода, откако по новите врнежи пробија критичните места на реката Црна, кои беа санирани од големите поплави кои ја зафатија Пелагонија речиси пред еден месец.

Фото: ТВ Тера

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.