Потона брод кај Филипините, загинаа тројца патници

Тројца патници го изгубија животот, за тројца исчезнати се трага, а најмалку 110 лица се спасени откако во водите во близина на филипинското крајбрежје синоќа за време на невреме потона траект, јави АФП.

Се уште не се знае точниот број на патници на траектот кој потона на помалиот остров Панаон, приближно 680 километри јужно од Манила.

Бродот сигнализирал дека има проблеми со навигацијата и дека се соочува со силен дожд.Времето со влошува пред наидување на тајфунот Калмаеги кој се заканува на северот на Филипините.