Потона брод со 250 африкански емигранти

Брод на кој имало 250 африкански емигранти потона во близина на либискиот брег.

Емигрантите се обидувале да стигнат до европско крајбрежје. Досега се спасени 26 луѓе, но се стравува дека најголемиот дел од нив се удавиле.

Бродот потонал во близина на Таџура, источно од Триполи. Во текот на оваа година повеќе од 100.000 емигранти од северна Африка, најголем дел од Либија, успеаја да стигнат до италијанскиот брег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.