Потона брод со 70 луѓе, најмалку седум лица загинаа (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа, откако брод со 70 лица потона во реката Шингу во северниот дел на Бразил.

Имено, 25 лица успеале да се спасат откако испливале до брегот, но за 35 лица состојбата е неизвесна, јавија бразилските медиуми.

Бродот потонал додека патувал од Сантарем кон Виториа до Хингу.

Причината за несреќата засега не е позната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.