Потона брод во Егејско Море, најмалку 18 лица удавени

Потона брод во Егејско Море, најмалку 18 лица удавени
Потона брод во Егејско Море, најмалку 18 лица удавени

Најмалку 18 лица се удавиле кога во текот на изминатата ноќ потонал брод кој пловел во Егејско Море кон грчкиот остров Калимнос.

Според турските медиуми, припадници на турската крајбрежна стража спасиле 14 луѓе, меѓу кои имало Сиријци, Ирачани и Пакистанци.

Податоците на ОН покажуваат дека повеќе од 800.000 бегалци оваа година го преминале Средоземното Море на пат кон Европа, а над 3.400 загинале при таквиот обид.