Потона брод во Кина, исчезнати 20 лица

Реморкер потона во реката Јангце во Кина, а повеќе од 20 лица се водат како исчезнати.

Бродот потонал во источната кинеска провинција Џангсу, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Меѓу исчезнатите има седум или осум странци, кои работеле на бродот, вклучувајќи и државјани од Сингапур и Јапонија. Постои можност меѓу исчезнатите да има и еден Французин.

Три лица се спасени, а спасувачката акција продолжува.

Реморкерот за време на несреќата имал пробна пловидба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.