Потона брод во Медитеранот со над сто мигранти

Брод, со кој се превезувале над сто мигранти, ноќеска потона во водите на Средоземното Море во близина на бреговите на Либија, соопшти денеска Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Според ТАСС, спасувачките екипи досега пронашле осум тела и само четворица преживеани бродолмци, па се стравува дека сите останати мигранти, кои официјално се водат како исчезнати, се удавиле.

Според различни извори, на бродот имало меѓу 107 и 110 мигранти, речиси без исклучок по потекло од африканските земји.

Преоптоварениот брод се превртил и потонал на околу 50 километри од либискиот брег.

Во потрага по преживеани мигранти се вклучени бродови и хеликотер на Европската агенција за контрола на надворешните граници Фронтекс.

Според податоците на ИОМ, во текот на минатата година околу 350.000 мигранти се обиделе да стигнат од Африка до италијанскиот брег, При тоа, во разни несреќи и бродоломи загинаа најмалку 4.600 мигранти.