Потона чамец со мигранти на либискиот брег – околу 40 се удавиле

Потона чамец со мигранти на либискиот брег - околу 40 се удавиле
Потона чамец со мигранти на либискиот брег - околу 40 се удавиле

Меѓу 30-40 мигранти се удавиле во нова трагедија во близина на либискиот брег, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Од 120 до 140 мигранти од Африка – Сомалијци, Суданци и Нигеријци, тргнале од либиското пристаниште Мисрата со гумен чамец. По шест-седум часа чамецот почнал да испушта воздух, започнала паника и дел од луѓето паднале во вода.

Италијанската крајбрежна стража спасила 91 лице.