Потона ферибот во Мјанмар

Најмалку 59 лица загинаа при потонување на ферибот во близина на северозападниот брег на Мјанмар, соопштија локалните власти, објави МИА.

На фериботот за време на несреќата имало вкупно 225 патници. Спасувачките екипи се уште трагаат по тела на загинати.

Фериботот потона за време на викендот, доцна во саботата навечер.