Свет

Потона уште еден индонезиски брод со 27 патници

Потона уште еден индонезиски брод со 27 патници

Уште еден индонезиски брод со 27 патници потона вчеравечер во морето меѓу Индонезија и Малезија.

Осумнаесет патници се спасени, а девет се уште се водат како исчезнати.

Несреќата се случила три часа по полноќ, околу 24 часа по потонувањето на уште еден индонезиски брод во истите води. На овој брод имало 97 патници, три пати повеќе од колку што бил капацитетот на пловилото.

Сеуште не се знае точно кои биле патниците што илегално се упатиле од Индонезија кон Малезија. Се претпоставува дека се работи за луѓе кои не се жители на Индонезија, туку од државите од каде што доаѓаат бегалци со желба да допрат до тлото на Австралија.