Потопло време со повеќе врнежи во есен и зима

Релативно топло време со повеќе дожд, не очекува во наредниот месец. Прогнозите на УХМР покажуваат дека оваа есен температурата ќе биде во рамки на просекот, со поголема количина врнежи, особено во источните делови.

Најтопло според прогнозите ќе биде од 28 септември до 4 октомври кога температурата се очекува да биде околу два степена повисока од просекот за овој период од годината.

Најмногу врнежи се очекуваат во текот на оваа недела за околу 30 литри на метар квадратен повеќе од просекот за овој период, а најмалку во четвртата недела кога се очекува да биде околу просекот. Следните 10 дена во југозападните делови врнежите ќе бидат над просечните за овој период.

И зимата се очекува да биде потопла со температури над просечните за многугодишниот период од 1981-2010 година и со поголеми количини на врнежи во источните делови.

Ќе има појава и на периоди со постудено и суво време и веројатно за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите.

Просечната температура за периодот 1981-2010 година е околу 8 степени во планинските предели до 16,9 степени измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127 до 326,6 милиметри. Температурата во зимскиот период се движела од минус 1,5 до 5 степени.

Зголемените врнежи ќе придонесат за зголемена влажност во почвата за успешно спроведување на есенската сеидба, како и за успешно покнување и развој за навлегување во попволни услови за презимување и во понапредни фази за развој каде осетливост ана културите кон ниските температури е многу помала.

Од УХМР посочуваат дека повисоките и просечните температури на воздухот покрај врнежите се неопходни за нормално поникнување а тоа значи ќе се постигнат и повисоки температури на попчвата на 5 см. длабочина, делот од почвата каде во овие фази од развој се наоѓа кореновиот систем. На самиот почеток на есента ваквите температури се добредојдени и за собирање на родот од овогодишната реколта и за реализирање на работите на отворено.

Зимскиот период со зголемени количества на врнежи, значи и поголеми резерви на вода во подлабоките слоеви од почвата, потребни за раниот развој во пролет и кај есенските посеви така и кај овошките и виновата лоза кои се многугодишни култури и црпат вода и од подлабоките слоеви. Присуството на снег и снежна покривка е од голема важност за посевите кои се најизложени на надворешните влијанија, така, зголемените врнежи во текот на зимата најчесто се од врнежи од снег, кои се очекуваат во текот на зимата.

За земјоделството особено е важно тоа што се очекуваат зголемени врнежи во централните делови од земјата каде што во еден подолг период врнежите беа пониски од просечните, а влажноста во почвата секогаш е на пониско ниво, така што сега би можело да се очекува и подобрување на состојбата најчесто во Овче Поле каде сушните периоди се најизразени.

Врнежите деновиве и оние што се очекуваат ќе придонесат за зголемување на водата во подземите водоносни слоеви и за зголемување на протекот на реките.

Протечните количини вода во водотеците во следниот месец се очекува да се движат во границите на просечните вредности или да бидат малку над повеќегодишниот просек за тој период од годината.

Од УХМР укажуваат дека доколку врнежите од дожд бидат интензивни и доколку за кратко време паднат големи количини врнежи ќе има можност за релативно брзо зголемување на водостојот во реките, особено на помалите водотеци со мала сливна површина и стрмни падови кај кои времето на концентрација на водата е доста мало и каде што паднатите врнежи веднаш би се трансформирале во површинско отекување. Ова особено се однесува на југозападните предели од државата каде, според прогнозата, за наредниот месец се очекува врнежите да бидат пообилни.

Со оглед на очекувањата за потопла и повлажна есен и зима водостоите во реките  ќе се карактеризираат со просечни или малку натпросечни вредности во однос на повеќегодишниот период така што доколку врнежите бидат пообилни и траат последователно повеќе денови можно е да дојде до заситување на почвата со влага и позначително зголемување на проточните количини во водотеците што е најмногу својствено за ноември и декември.