вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Потпишан договор за директен пристап до кинескиот пазар

Компаниите од Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), ќе имаат можност за директен пристап до кинескиот пазар, а со тоа и до над милијарда потрошувачи.

kina-pazar-naslovna

Поврзани вести

Компаниите од Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), ќе имаат можност за директен пристап до кинескиот пазар, а со тоа и до над милијарда потрошувачи.

Претседателот на ССК, Данела Арсовска, во рамки на официјалната посета на Кина, оствари средба со Кији Ан, потпретседател на „All-China Federation of Industry and Commerce“ (ACFIC), најмоќната комора во оваа земја, која има над 4 милиони членови.

На средбата беше потпишан Меморандум за соработка, со кој се официјализира договор за конкретен проект и директен пристап на најголемиот азиски пазар за македонските компании.

kina-pazar-1

Со овој договор ќе овозможиме зголемување на извозот и промоција на извозно ориентираните компании во Кина. Исто така, тоа ќе значи и полесен пристап на кинеските коорпорации кои гледаат потенцијал во Република Македонија како дестинација за инвестирање поради добрите услови кои се нудат и нашата стратешка поставеност како центар со лесен пристап до европскиот пазар. Сите компании кои размислуваат како да ги пласираат своите производи во Кина или пак им е потребна поддршка при увоз ќе имаат можност да го искористат бенефитот на добрите релации кои ги воспоставивме со најмоќната кинеска бизнис организација, изјави Арсовска.

Делегацијата на Сојузот на комори, во рамки на официјалната посета на Пекинг, учествуваше и на Бизнис форум, на кој од страната на владините претставници на Република Македонија беа претставени можностите за инвестирање и потенцијалите за соработка. Во рамки на форумот се остварија Б2Б средби меѓу македонските и кинеските компании.

kina-pazar-2

Според обемот на трговска размена, Кина е меѓу првите десет трговски партнери на Република Македонија. Во првите девет месеци од 2015 година, вкупниот извоз на македонските производи на кинескиот пазар изнесува 124 милиони американски долари, што е за 2,5 пати повеќе во однос на истиот период минатата година, а увозот на кинески производи на нашиот пазар изнесува 273 милиони долари. Според Државниот завод за статистика на Македонија најпродавани македонски производи во Кина се вино, мермер и преработки од месо.

Најчитани вести