Потпишан договор за втората фабрика на Џонсон Контролс

Особено нè радува фактот што се поголем број на компании одлучуваат да инвестираат надвор од зоната во Скопје, што значи дека по Кичево, Струга, Прилеп, Тетово и Штип, сега и оваа зона ќе биде функционална и ќе има своја компанија тука, вели Мизо.

Џонсон Контролс ќе вработи над 3.000 лица

Според најавите се очекува извозот да надмине 80 милиони евра. Со досегашните 1.800 во фабриката во Штип и новите 1.500 работни места во Струмица, Џонсон Контролс ќе вработи над 3.000 лица.

jonson-dogovor-4

Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека новата фабрика на Џонсон Контролс значи остварување на едно ветување дадено пред граѓаните. Тој посочи дека секоја нова инвестиција е радосен настан кој носи просперитет и нови вработувања во регионот каде истата се реализира.

Ние сме задоволни како Влада што вкупниот бизнис амбиент и со првокласната поддршка, како и за секој друг инвеститор, успеавме да се договориме да дојдат повторно во Република Македонија. Тука не се само даноците во прашање, работата на Царината, станува збор за целокупната структура што е формирана за привлекување на странски инвестиции и она 12 место во светот, преточено во реалноста е нови инвестиции, нови инвеститори, истакна Ставрески.

jonson-dogovor-5