Балкан

Потпишан договорот за разграничување меѓу Црна Гора и Косово

Потпишан договорот за разграничување меѓу Црна Гора и Косово
Потпишан договорот за разграничување меѓу Црна Гора и Косово

Во средата попладне во Виена, Црна Гора и Косово потпишале договор за демаркација на границата меѓу двете земји. Веста за косовските медиуми ја потврдил Ардиан Арифај, советник на шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи, објави МИА.

Министерот за надворешни работи Хашим Тачи и министерот за внатрешни работи Скендер Хисенај го потпишаа договорот за демаркацијата на границата со нашиот западен сосед. – изјавил Арифај, додавајќи дека од црногроска страна потпис ставиле министерите Игор Лукшиќ за надворешни и Рашко Коњевиќ за внатрешни работи, во присуство на премиерите на двете земји.

Определувањето на границата со Црна Гора, предизвика жестоки препукување меѓу косовската опозиција и владата. Опозицијата обвинува дека со договорот на Црна Гора и се отстапуваат 12 илјади хектари земјиште. Но владата на премеирот Иса Мустафа тоа го деманира и тврди дека не е отстапен ни еден сантиметар.

Косово го заокружи прашањето на демакарација на границата со Албанија, со Македонија а сега и со Црна гора, се надеваме дека тоа наскоро ќе го направиме и со Србија. Денешниот чин на потпишување на договорот не е значајно само за нашите две земји туку за целиот регион,бидеќи е потврда дека регионот е во период на соработка и сигурно чекори кон еворатланслата интеграција, изјавил Тачи.

По веста за потпишаниот договор група жители протестирале во Пеќ а еден час го блокирале и патниот правец Пеќ-Рожај.

Во Косово овој договор беше презентиран како критерум на ЕУ за потпишување на  спогодбата за асоциација и стабилизација.