Потпишан договорот за топлификација на Битола

Со потпишувањето на меѓувладиниот договор со Германија и финансискиот договор со KFW, со што се обезбедени 39 милиони евра, од вкупно 46,5 милиони евра кои што се потребни за изградба на системот за топлификација за Битола, Новаци и Могила ќе се оствари уште едно ветување на Владата на Република Македонија.

Останатите 7,5 милиони евра потребни за реализација на проектот, ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.

Воведувањето на центраелен топлински систем за Битола и околината е идеја која што постоеше со децении наназад и која што им ја ветивме на граѓаните на последните локални избори. Еве сега таа идеја со овие договори станува реализација. Битола со овие финансиски средства ќе добие топлификација, изјави по потпишувањето на договорот министерот за финансии Зоран Ставрески.

Ќе се искористи неискористената топлинка енергија од РЕК Битола

Ставрески: Воведувањето на центраелен топлински систем за Битола и околината е идеја која што постоеше со децении наназад и која што им ја ветивме на граѓаните на последните локални избори.
Ставрески: Воведувањето на центраелен топлински систем за Битола и околината е идеја која што постоеше со децении наназад и која што им ја ветивме на граѓаните на последните локални избори.

Со овој проект е предвидено да се употреби отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола преку изградба на систем за топлинска енергија. Освен домаќинствата за Битола предвидено е е во мрежата да се приклучат и 35 јавни објекти од општината.

Најголемата придобивка е елиминирањето на повеќе извори на загадување на животната средина. Значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во јавните објекти и во домаќинствата. Со тоа ќе се намали и загадувањето на општината, појасни Ставрески.

Средствата се добиени со фиксна стапка која денеска се фиксира на само 1,5%. Тоа е најниска каматна стапка која што било кога била одобрена за инфраструктурен  проект во Македонија и претстува заштеда од над 3 милиони евра. Рокот на отплата е 15 години со 4 години грејс период.