среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 11

Потпишана декларација за правата на Македонците во светот

Со потпишувањето на Декларацијата за правата на Македонците во светот од страна на 11 претставници на македонски здуженија кои функционираат во соседните земји и дијапсората, и кои се залагаат за правата на Македонците во светот, а која произлезе од трибината на темата „Положбата на Македонците во соседните земји“, одржна во рамките на 15 Семакедонски собир на Македонците, организаторот – Гаѓанската иницијатива за национално, културно и духовно обединување на македонскиот народ (ГИНКДОМН), ги заокружи чествувањата по повод 145- тата годишнина од раѓањето на големиот македонски револуционер, Гоце Делчев.

декларација

Поврзани вести

Декларацијата како највисок акт на Семакедонскиот собир, се состои од 16 точки кои се однесуваат на правата и проблемите со кои се соочуваат Македонците во светот: проблемот со името, негирањето на македонската држава, нацијата, јазикот и културата, како и мешањето на странските држави во внатрешното уредување на земјата.

Оваа Декларација е прва од ваков вид и ќе биде доставена до Владата на РМ, до амбасадите на соседните земји и до земјите каде што живеат Македонци, како и до ООН.

Најчитани вести