недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Потпишани договори за финасиска поддршка на Бизнис центрите од осумте плански региони

Министерството за локална самоуправа и Бизнис центрите од осумте плански региони денеска потпишаа договор за финансиска поддршка на Бизнис центрите за 2016 година со кој се предвидува Министерството да одвои 3,2 милиони денари за нивно финансирање, односно по 400 илјади денари за секој поединечно.

lokalna-samouprava

Последни вести

– Идејата на МЛС за проширување на дејноста на Центрите за развој и нивно приближување до бизнис заедницата резултираше со воспоставувањето на бизнис центрите во осумте плански региони во 2014 година. Важно е што сите бизнис центри го прифатија концептот за поддршка на малите и средните бизниси и привлекување на инвестиции иако се формирани со временска дистанца, рече министерката за локална самоуправа Ширет Елези по потпишувањето на договорите.

Таа посочи дека на стартот проектот беше поддржан од УНДП, а сега ќе продолжи да функционира со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ.

Прецизира дека бизнис центрите обезбедуваат информации за постоечките индустриски зони во регионот и нивните карактеристики и поволностите што ги нудат,  база на податоци за регионалните институции и фирми кои нудат услуги за развој на приватниот сектор, електронска база на податоци за регионалните гринфилд и браунфилд локации, е-водич за инветитори со стратешките цели на регионот за развој на одредени сектори, информативни настани со прашања кои влијаат на бизнис секторот, а произлегуваат од конретните мерки на Владата, и запознавање со националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој.

– Преку реализацијата на овие мерки целта на Владата и МЛС е во соработка со локалните власти и бизнис заедницата да се зголеми конкурентноста на општините и на планските региони и да се привлечат инвеститори преку олеснување на пристапот до институциите и до услугите, рече Елези и додаде дека во наредниот период поддршката на Бизнис центрите ќе биде фокусирана на подготвка на стратегиите за иновации.

Истакна дека со поддршка на ГИЗ ќе се реализира по една пилот мерка во секој од планските региони.

– Иднината на развојот е во иновацијата, а центрите се тие кои треба да ги искористат потенцијалите на планските региони на најинвентивен начин и да ги отворат вратите за поголеми инвеститори и на тој начин да се овозможи порамномерен регионален развој, нагласи Елези.

Бенџамин Мор од ГИЗ прача дека приватниот сектор е двигател на економскиот развој и затоа мора дасе води сметка за потребите на бизнис заедницата.

– Во наредниот период ќе се соочиме со многу предизвици и мораме да изнајдеме начин за подобро подготвување на напорите за  регионален развој. При тоа треба да имаме во предвид дека приватниот сектор е двигателот на економскиот раст, рече Мор.

Тој потенцира дека мора да се најде начин да се премости јазот меѓу бизнис секторот, академската заедница и граѓанското општество и да се прецизира што се мора да се направи за тоа.

Жулите Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, порача дека малите и средните претпријатија се во фокусот на Бизнис центирте и додаде дека сопствениците на ваквите претпријатија најчесто не вложуваат во развојот на човечките ресурси бидејќи не се сигурни дека вработените на подолг рок ќе останат кај нив.

– На нашите бизниси им е потребна едукација  во делот на продажбата и маркетингот, но и во делот на доброто менаџирање. Бизнис центирите се фокусирани на човечките ресурси и нивната обука, бидејќи најголем дел од бизнисмените сметаат дека е тоа фрлање на пари, рече Ѓуркова.

Најчитани вести