петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 84

Потпишани договорите за изградба на два студентски домови

Според договорите, изградбата треба наскоро да започне и истата да заврши во рок од 24 месеци.

dom

Последни вести

Министерството за образование и наука ги потпиша договорите за изградба на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“ познат како Медицинар и за студентскиот дом во комплексот на Државниот универзитет во Тетово.

На местото на бараките во склоп на Клиничкиот центар, Владата ќе изгради современ објект за сместување на студенти со површина од 1.200 метри квадратни, за што се издвоени околу 200 милиони денари.

Вториот студентски дом ќе се гради во рамки на Државниот универзитет во Тетово, со што овој град за прв пат ќе добие ваков објект. Инвестицијата за овој студентски дом е околу 166 милиони денари.

Според договорите, изградбата треба наскоро да започне и истата да заврши во рок од 24 месеци.

Инаку Министерството за образование активно ги реализира и подготвителните активности и за изградаба на трет студентски, кој што ќе се наоѓа во општината Карпош.

Во насока на унапредување на студентскиот стандард во делот на сместувањето, во изминатиот период се изградени нови сместувачки капацитети во студентскиот дом „Стив Наумов“, инсталирани се нови лифтови во сите студентски домови каде што претходно имало, а во тек е и набавката на 50 машини за перење и 50 машини за сушење кои ќе бидат распоредени во сите државни студентски домови, како и набавката на нов мебел.

 

Најчитани вести