Македонија,Економија

Потпишан анекс на договор меѓу Царинската управа и Америт

Потпишан анекс на договор меѓу Царинската управа и Америт

Директорот на Царинска управа, Наташа Радеска Крстевска и управителот на СИЗ Мкедонија Сообраќај – АМЕРИТ Златко Кочовски поптишаа Анекс на договорот за соработка помеѓу двете институции.

TIR карнетот како еден од главните столбови на TIR системот, претставува меѓународен царински документ кој се користи во транзитни постапки како во земјите на поаѓање, така и во земјите на транзит и прием.

Царинската управа и СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ како здружение на превозници во патниот транспорт се вклучени во постапката на издавање и проверка на TIR карнети, согласно TIR конвенцијата и меѓусебен договор од 1999 година, каде АМЕРИТ се јавува во својство на национален гарант и издавач на TIR карнети. TIR карнетот, не само кај нас, туку и глобално, сеуште претставува најсигурен и најкредибилен транзитен документ за царината.

Потпишувањето на Анекс на договорот за сорабока овозможува дополнителна безбедност и сигурност на сите пратки кои се превезуваат под покритие на TIR, односно осигурителот АМЕРИТ обезбеди дополнителна гаранција со која се овозможува наплата на евентуално избегнатите давачки до износ од 60 илјади евра, наместо до износ од 50 илјади долари како што беше досега.

За економските оператори и превозници ова значи дополнителна можност бидејќи ќе можат под покритие на TIR да превезуваат стока со повисока вредност од досегашната, односно стока за која пресметаните давачки се во висина до 60 илјади евра, а со тоа и дополнително се олеснува работењето на извозно-ориентираниот сектор.

Една од активностите која го овозможи овој Анекс е и воведувањето на TIR EPD – електронска TIR пред-декларација. Во ноември минатата година беше воведена електронската TIR пред-декларација со што се овозможи поединечен TIR карнет да биде ставен на увид на царинските органи пред возилото физички да пристигне на граничните премини или во царинските испостави. Со тоа дополнително се скрати времето на престој во царинските терминали на сите возила кои транспортираат стока под покритие на TIR карнет.