Потпишан договор со Молдавија за подобра соработка во воздухопловството

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсоски и директорот на Цивилно воздухопловната власт на Република Молдавија Лурие Армаш денеска на 6 ти октомври 2014г. во Париз, потпишаа Меморандум за разбирање.

Документот има за цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство како и подобрување на ефикасноста и ефективноста при примената на барањата.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработката при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство и документацијата на истото. Овој Меморандум, ги покрива и областите во делот на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај, програмите за обука, испити и лиценцирање, операции поврзани со летање и аеродроми, пловидбеност и регистар, потрага и спасување како и сегментите поврзани со Националните надзорни власти и Службите за воздушна навигација.