Потпишан договор за полициска соработка меѓу Македонија и Словенија

Во текот на вчерашниот ден министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи  на Република Словенија Весна Гјеркеш Жнидар, која беше искористена за потпишување на Договорот меѓу Владите на Република Македонија и Република Словенија за полициска соработка.

Со склучувањето на Договорот за полициска соработка, двете Министерства за внатрешни работи дополнително ја зацврстуваат соработката во однос на спречување на опасност и осигурување јавна безбедност, во поглед на јавниот ред и сообраќајната безбедност, како и спречувањето, откривањето и спроведувањето на истраги за кривични дела, специфично во полето на организиран криминал, тероризам, трговија со луѓе и нелегална миграција, компјутерски криминал, незаконска трговија со недозволени дроги, психотропни супстанци и прекурсори, како и други кривични дела од меѓународен карактер.

И двете држави ги потврдија заложбите за борба против тероризмот во пресрет на денешната Конференција на Министрите за правда и внатрешни работи и партнерите на Брдо процесот и Процесот за соработка во ЈИЕ.