Потпишани договори за истражувачки и развојни студии за заштита на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска потпиша договори за реализација на Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година во делот за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата.

Ресорното Министерство соопшти дека со Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика-ИЕГЕ, Скопје, потпишани се три договори за истражувачки проекти: „Влијанието на климатските промени врз природното и културното наследство во Охрид и Охридско“, за „Изработка на студија за мерење и хемиска анализа на суспендирани честички ПМ10 во Тетово, Кичево и Скопје“ и за „Развивање на интегрален модел на економска и еколошка евалуација на проектите за вештачки акумулации“.

Со Државниот Универзитет во Тетово потпишале договор за истражувачки проект за „Изведба на бунар со пумпа станица за водоснабдување на унивезитетскиот кампус“ и со УЈИЕ во Тетово, за „Истражување, дизајнирање и реализирање на пилот проект за мерење на климатски параметри преку мрежата на мобилни електронски самоодржливи мерни станици со визуализација на мерените вредности“.

Со основното училиште ЦОУ „Реџо Рушити Зајази“, од село Зајас, Кичево потпишан е договор за проектот „Чиста и здрава средина“, а со ОУ Страшо Пинџур – Кавадарци, за „Изведба на термо изолациска фасада и кров на училиштето за постигнување на стандардите за енергетска ефикасност“.

Инвестициската програма на МЖСПП располага со четири милиони денари, доделени на 10 аплицирани проекти.

sredina1