Потпишување договор за проект за деца со пречки во видот

Проектот за деца со пречки во видот, реализиран од Универзитетот на Југоисточна Европа, работи на зголемување на квалитетот и пристапноста на услугите за образование за деца со пречки во видот, со посебен фокус на писменост, со печатење на учебници на Брајово писмо на локалните јазици и кампањи за бесплатни очни прегледи кај деца од предучилишна возраст.

На потпишувањето на договорот најавено е обраќање на претседателот на меѓународната Асоцијација на Лајонс клубовите, Боб Корлу, на гувернерот на Лајонс Дистрик 132 Македонија, Слободан Вукиќевиќ, како и на проректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Ендру Гудспид.