Потпретседателот на Парламентот на Нов Јужен Велс во Македонија

Потпретседателот на Парламентот на Нов Јужен Велс Федерик Џон Наил денеска ќе го посети Македонскиот Парламент.

Наил ќе има средби со потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски, и со претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија Илија Димовски. На средбите ќе присуствуваат и членовите на овие комисии.