Македонија

Потпретседателот на СДСМ ja напуштa партијата поради анкетата на ИРИ

Потпретседателот на СДСМ ja напуштa партијата поради анкетата на ИРИ

После објавувањето на анкетата на ИРИ, според која ВМРО-ДПМНЕ бележи повеќе од двојна предност пред СДСМ, започна раслојувањето во најголемата опозициска партија.

Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов во својата денешна колумна за Утрински весник настапи со јасен став за политиката на СДСМ и за анкетата на ИРИ, кој што во целост е спротивен од тој на Зоран Заев.

Во својата колумна Ванчо Узунов меѓу другото напиша:

„Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има било каква смисла мојот натамошен ангажман во политика“.

potpretsedatelot-na-sdsm-uzunov-najavi-deka-kje-go-napushti-sdsm-poradi-anketata-na-iri-1

Инаку, забележително е дека овој став е целосно спротивен на оној на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Лидерот на социјалдемократите  пред два дена, веднаш по објавувањето на резултатите од анкетата изјави:

– Во хибриден режим, којшто опстојува нашето општество, автократско владеење од страна на Груевски, какво што го дебатираме, разговараме, и ние и сите меѓународни институции, ниту една анкета не е релевантна. Никој не може да верува во такви анкети.

potpretsedatelot-na-sdsm-uzunov-najavi-deka-kje-go-napushti-sdsm-poradi-anketata-na-iri-2

Имено Узунов не само што ги признава резултатите на ИРИ како релевентен показател на јавното мислење, туку и најави дека и ќе се дистанцира од политиката.

Според многумина ова може да се протолкува дека Узунов како потпретстедател на СДСМ се противи на политиката која ја води Зоран Заев и Радмила Шекеринска и го напушта раководството на партијата поради нивните погрешни потези и одлуки.

Станува јасно дека помеѓу членството на СДСМ се повеќе почнува да се манифестира незадоволството од деструктивните политики на двоецот Шекеринска и Заев.

Дека ваквата негативна кампања, со која СДСМ се занимава во отсуство на конкретна економска понуда и програма, не наидува на одобрување кај народот доказ се и последните резултати од анкетата на ИРИ, според кои ВМРО – ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ. Очигледно, шестмесечното објавување на монтирани аудио снимки или т.н. „бомби“ не го дава посакуваниот ефект.