Потпросечна температура и натпросечни врнежи во месец мај

Измерените температури на воздухот во мај годинава биле под просечните, а врнежите над просекот. Максимална температура од 32 степена е измерена во Гевгелија, а најмногу дожд имало во Маврово 164 мм на матер квадратен.

Според мерењата на УХМР средно месечните температури на воздухот во текот на месец во РМ се движеа од 9.6 степени во Лазарополе до 18.6 степени во Гевгелија. Во Маврово се измерени 10.6 степени, 12.3 степени во Берово, 13.3 во Крива Паланка, 14.1 степени во Охрид, 15,2 степени во Прилеп, 15.4 степени во Битола, 16.7 степени во Скопје и Штип, 17.0 степени во Струмица и 17.7 степени во Демир Капија).

Максималните температури исто така се под просечните вредности за еден до два степена, а највисоката температура е измерена во Гевгелија 32, во Демир Капија 31,5 степени и во Скопје 30,5 степени. Апсолутните максимални температури и апсолутно минималните температури на воздухот не ги надминуваат досегашните измерени вредности за месец мај.

Измерените месечни врнежи во мај изнесуваат од 65 мм во Штип до 164 мм во Маврово. Во Скопје се наврнати 67 мм, во Прилеп 69 мм, во Охрид и Демир Капија 78 мм, во Крива Паланка 94 мм, во Битола  95 мм, во Берово и Струмица 96 мм, во Гевгелија 103 мм и 137 мм во Лазарополе. Измерените количини на врнежите на сите мерни места се над просекот за месецот и отстапувањата се движат од 17 мм во Штип до 92 мм во Маврово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.