Потрага по хеликоптер што исчезна во морето меѓу Велика Британија и Ирска

Спасувачите и крајбрежната стража на Велика Британија трагаат по приватниот хеликоптер „Тјун Свкрл“, кој полета вчера од англискиот град Милтон Кинс за Даблин, објави изутринава британскиот весник „Гардијан“.

Хеликоптерот со петмина патници исчезнал од екраните на радарите, додека летал над Ирското Море.

Други хеликоптери, кои учествуваат во потрагата, биле принудени да се вратат во базата заради влошување на климатските услови, но спасувачката акција продолжува во морето северно од Велс.

Надлежните власти нагласија дека спасувачките работи од воздух се невозможни се додека не дојде со подобрување на времето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.