Потрагата по исчезнатиот авион се проширува кон Индискиот Океан

Малезија потврди дека потрагата на исчезнатиот авион на „Малезија Ерлајнс“ се проширува кон Индискиот Океан, но одби да ги коментира изјавите од САД, дека авионот летал неколку часа по неговото исчезнување од радарите, пренесе „АФП“.

„Ситуацијата со авионот се’ уште е неизвесна, зоната на пребарување се проширува“, рекол министерот за транспорт на Малезија, Хишамудин Хусеин.

„Заедно со нашите меѓународни партнери го пребаруваме источниот дел наЈужното Кинеско Море и Индискиот Океан“, додал тој.