Потрагата по малезискиот авион повторно на лоша трага

Неколку портокалови предмети, кои што ги воочи тимот за потрага по малезискиот авион, не биле дел од авионот туку дел од рибарска опрема, соопштија денеска австралиски претставници.

Тоа е само уште една разочарувачка вест бидејќи премиерот на Австралија, Тони Абот, најави дека нема да запре се’ додека не се пронајдат остатоци од авионот, кој што исчезна на осми март со 239 патници и членови на екипажот.

Екипажот на австрискиот авион П-3 Орион воочи најмалку четири портокалови предмети во пречник од шест метри и пилотот Расел Адам заклучил дека станува збор за трага која „најмногу ветува“ во потрагата по малезискиот авион.

Но, портпаролот на австралиската поморска служба за безбедност, Џес Плат, денеска изјавил дека по анализа на предметите е утврдено дека тие немаат никаква поврзаност со исчезнатиот авион.

Австралискиот премиер денеска во воената база во Перт, од каде што се раководи акцијата, рекол дека потрагата по авионот е „неверојатно сложена“.

„Ова е најверојатно тешка акција…трагаме во огромна област на океанот, а работиме на основа на прилично ограничени информации“, додал Абот.