Потребен е дијалог за предизвиците во високото образование

Како претседател, но и како универзитетски професор, секогаш сум посветувал внимание на сите предизвици со кои што се соочуваат младите. Нивната реакција е во функција на изнаоѓање начини за водење дијалог во нашето општество, како да се излезе во пресрет на сите предизвици на високото образование, изјави претседателот Ѓорге Иванов запрашан за коментар за студентскиот протест при денешната посета на општина Ново Село.

Според него, не само кај нас, туку во целиот свет има реформи во високото образование, и додаде дека секоја реформа бара вклучување на сите надлежни субјекти за изнаоѓање најдобри можни начини и решенија кои што ќе бидат од корист и за институциите и за студентите.

Тој смета дека е потребно да се слушне гласот на студентите и да се разговара за нивните сознанија и ставови.

– Треба да се слушне гласот на студентите, и да се разговара за сите нивни сознанија и ставови. Да се поттикне дијалогот со надлежните институции, за да можеме сите да имаме корист од овие промени, и студентите, и стопанството, институциите, како и целото општество, бидејќи високото образование, пред се, е подготовка на луѓе за самостоен живот, рече шефот на државата Ѓорге Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.