Потребно е да живеете во заедница пред брак

Двојките кои живеат заедно пред да застанат на лудиот камен имаат поквалитетeн однос и подолго остануваат во врска. Ова го покажаа најновите истражувања кои беа направени во соработка со околу три илјади жени кои одговараа на прашање за својот љубовен однос и заеднички живот пред брачниот живот.

Се покажало дека двојките кои живеат барем четири години заедно пред венчавка имаат поголеми шанси во брак да бидат во просек по 12 години подолго отколку двојките кои никогаш не го делеле потпокривот кај матичар.

Истовреме научниците дошле до сознание дека годините на жената играат голема улога во заедничкиот живот. Постарите жени се подготвени на живот пред брак, за разлика од помладите жени на кои им се потребни барем четири години врска пред да се впуштат во авантурата делење ист животен простор.

Исто така дамите кои по вторпат влегуваат во брак, а претходно живеат со партнерот имаат дури 148 отсто поголема шанса да останат долго во брачната заедница.

Според зборовите на научниците се работи за поголема опуштеност која е присутна кај луѓето кои ја вкусиле магијата на заедничкиот живот.

Имено, кај нив влегувањето во брак значи само потпис на хартија, бидејќи со сите останати предизвици одамна се запознале. Со младите и неискусни двојки со застанување на лудиот камен настапуваат поголеми промени кои знаат да бидат критични за натамошниот однос.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.