Потребно е подигнување на светста кај луѓето за постоење на ХАЕ

Денеска во ТЦ “Сити мол” се одржа настан за зголемување на свеста кај граѓаните за заболувањето ХАЕ – хередитарен ангиоедем.

На настанот членовите на здружението “ХАЕ Македонија”, кои се и организатор на овој настан, делеа брошури и останати материјали на присутните во трговскиот центар, каде се опишани симптомите и последиците на ова ретко заболување.

Nastan HAE (3)

Заболувањето ХАЕ – хередитарен ангиоедем е ретко заболување за кое во Македонија нема третман. Заболувањето ХАЕ претставува мутација на генот што го контролира создавањето на крвниот протеин Ц1 инхибитор, поради што се создаваат отоци на телото. Станува збор за заболување кое не можете да го забележите во секојдневието кај лицата, бидејќи нема никакви физички или ментални последици, освен во случај на т.н. напад, кој се манифестира со појава на отоци на разни делови на телото, кои може да се појават внатрешно или надворешно.

Nastan HAE (4)

Нападите можат да бидат и смртоносни, доколку истите се појават во делот на грлото, при што може да дојде до затнување на дишните патишта. Доколку не се делува, стапката на смртност на овие напади може да достигне и 30 проценти.

Nastan HAE (5)

Овој настан е во организација на здружението “ХАЕ Македонија” и истиот е поддржан од страна на Градот Скопје, преку јавниот повик за финансирање на здруженија на граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.