Балкан

Потресна исповед на мајка која била силувана од синот

Потресна исповед на мајка која била силувана од синот

Се одреков од родениот син, кој го носев девет месеци, кому му подарив живот, кого го хранев…Синот ме силуваше. Утре да умрам, не смее да ми дојде на погреб, а и да умре, тој за мене не постои веќе – со овие зборови ја почнува потресната исповед Аница, мајка на Саша Гаврашиќ (37) кој неодамна е уапсен заради силување на В.Ј. (20) од Нови Сад.

Аница вели дека родениот син 2005 година ја силувал во семејната куќа.

-Ух, многу ми е срам и да зборувам за тоа. Кога мајка ќе доживее такво нешто од своето дете, нема ништо полошо – вели низ солзи засрамената мајка Аница.

Велики петок во мај 2005 година нема никогаш да го заборави. Додека фарбала јајца за Велигден, доживеала од најстариот син нешто најлошо што може да и се случи на мајка.

Сине, грев е од Бога

-Бев сама дома. Мажот ми беше некаде во селото, а помладиот син си играше надвор. Саша влезе во куќата и видов дека е пијан. Му реков да отспие. Тој ја заклучи куќата и тргна кон мене и ми рече: „Соблекувај се“. Почна да ме удира, шлака, шутира.. Почнав да плачам, да го молам: „Сине, мајка сум ти, што правиш…“ Не вредеше. Не престанав да плачам, му велев „Сине, грев е од Бога, на Велики петок тоа да и го правиш на мајка, ти не си нормален“. А тој ми одговори: „Молчи, мене никој ништо не ми може, не се плашам ни од Господ ниту од полиција, а бидејќи ти си од католичката вера, односно усташка, кога – тогаш ќе те убијам“, раскажува мајката со наведната глава.

Како што понатаму вели оваа очајна и скршена жена, откако го направил тоа што го сакал, излегол од дома и заминал. Плачела, а во тој момент пристигнал нејзиниот маж. И било срам да му каже.

Не го пуштајте од затвор

-Ме виде истепана и ме праша што се случи. Со плачење му го кажав срамот. Веднаш го пријавивме во полиција и за тоа е осуден на 8 години затвор – вели Аница. Додава дека оттогаш секојдневно живее во страв и повторува дека подобро никогаш да не го родила.

Саша неодамна во Нови Сад ја силувал девојка В.Ј., а Аница вели дека тој ден бил пред нејзината куќа.

-Го препознав неговиот глас. Ми рече: „Ама си остарела, каква си“, се заврте и замина, вели Аница и додава дека среќа што не влегол дома, затоа што била сама.

-Тој има дете со невенчана сопруга, која го напушти и отиде во Германија. Колку што знам, тоа што неодамна го направи во Нови Сад му е петто силување. Првпат во Бегеч силуваше келнерка која беше бремена, а втор пат вработена во пекара. Третиот пат мајката на невенчаната сопруга ја принуди на орален секс, јас сум четврта, а сега и оваа кутра девојка од Нови Сад. Тоа е што јас го знам. Дали има уште некоја жртва, незнам, но предупредувам дека кога ќе го пуштат повторно ќе нападне некоја – вели мајката.

Напаѓам затоа што сум многу грд!

По последното апсење, кога му е одреден притвор од 30 дена, Саша Гаврашиќ во полиција рекол: „Ги напаѓам и силувам девојките зошто сум многу грд и ова е единствен начин да имам секс“.

Морав да имам сексуален однос со некоја девојка, неодамна излегов од затвор. Се одлучив за девојката од Нови Сад која никогаш претходно не сум ја видел – рекол серискиот силувач кој во јуни излезе од затвор.